Естонец си ја сними сопствената несреќа со 260 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возач од Естонија ја сними несреќата со својот автомобил. Со мобилинот телефон тој го снимил моментот како со својот Lexus LS460 се движи со брзина од 260 км/ч и тоа во моментите кога ја губи контролата. За вистинско чудо то минал без посериозни проблеми.

Видеото покажува како сопственикот на возилото од Јапонија стиска на гаста до крај за да го провери забрзувањето. После шест секунди автомобилот веќе се движи со 100 км/ч и продолжува да го управува до над 250 км/ч.

 

Точно тогаш ја губи контролата. Иако се обидува да го контролира воланот, но веќе е предоцна. Автомобилот се лизга околу осум секунди, а потоа се превртува на кров на тревата. Возачот не изгледа премногу шокиран од она што се случило и веднаш се наведнува да го крене телефонот за да провери дали уште снима

Следете не и на:

24AUTO NETWORK