Десет екстра автомобилски додатоци кои скапо се плаќаат

ОБЈАВЕНО НА:

Цените коишто се појавуваат во рекламите за автомобилите би можеле да ги доведат во заблуда само наивните лица. Најчесто се рекламираат најевтините опции на опрема, со цел да се привлечат купувачите во салоните. А потоа на сцена стапуваат

Сосема јасно е дека за автомобил со прилично добра опрема се плаќа многу повеќе од објавеното. Производителите заработуваат многу од опциите, кои ги предизвикуваат купувачите. Сѐ што е интересно, ново, фенси и тренди секогаш е интересно за купувачите.

Списоците со додатоци на некои компании повеќе наликуваат на каталози со соодветен ценовник. Некои од нив им носат и многу пари на производителите. Еве некои од најскапите и најинтересни додатоци што се нудат за автомобилите.

Tesla

Внатрешните филтри НЕРА и режимот за клима Bioweapon Defence Mode му помогнаа на Елон Маск да собере доста пари од параноичните клиенти, кои се подготвуваат за Апокалипса. Електричниот кросовер Model X е единствениот сериски автомобил во светот, кој ветува заштита против ебола и радијација.

Bentley

Ако сметате дека најскапата  автомобилска опција се керамичките сопирачки или аудиофилскиот звучен систем, веројатно не сте слушнале за часовникот Breitling Mulliner Tourbillon со цена од 150.000 евра на Bentley Bentayga. Додатоците не може да бидат порачани едноставно така. Се произведуваат само по неколку примероци годишно.

MINI

Патувањето со кабриолет може да биде уништено само од дожд. Во MINI го решиле овој проблем со системот за предупредување за врнежи според планираната маршрута. „Личниот метеоролог“ може да се порача само со определен тип на навигација.

Fiat

Италијанците не можат да го замислат животот без чаша убаво еспресо. Fiat 500L ги задоволува овие потребни со вградување на кафематот Lavazza 500 Espresso Machine. Уредот работи на 12 волти и со специјални капсули.

Porsche

Внатрешноста на 911 може да биде тапацирана со кожа од горе до доле. Тоа важи дури и за отворите на вентилацијата. Се разбиа сето тоа при дополнително плаќање.

Nissan

Ако бројот на километри кои може да се поминат со едно полнење на Leaf ви се чинат недоволни тогаш можете да си порачате вграден фотоволтаик на задниот спојлер, кој снабдува дел од портошувачите на електрична енергија на автомобилот.

Range Rover

Поставениот простор за багаж овозможува место за седиште кај секој СУВ. Од Range Rover одлучиле да го преземат буржоазискиот шарм за пикник до невидена височина. Целиот систем се собира под багажникот.

Pontiac

Освен како редовен присутен во класификација на најгрозните автомобили, Aztec ќе биде запомнет единствено со учество во серијалот „Во чевлите на сатаната“. И покрај контроверзниот изглед се работи за практично и добро смислено озило, кое може да се порача со многу необични додатоци. На пример со шатор, кој станува дел од каросеријата.

Renault

Сакате едноставно нешто брзо да ставите во багажникот, а не ви се отвора задната врата? Нема проблем. Со дополнително плаќање добивате микробранова Modus, а може да се порача со таков „бар“.

Opel

До неодамна „ѕвезденото небо“ на таванот можеше да се порача само за автомобили од рангот на Rolls-Royce. Откако британскиот бренд доби неочекуван конкурент во лицето на малкулитражниот Adam на пазарот се појави Opel со додатоци од Rolls.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK