Дејвид Бекам влегува во бизнисот со автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Ппоранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам влезе во автомобилскиот бизнис. Тој купи дел од акциите на британската компанија Lunaz која се занимава со трансформација на старите класични автомобили во електрични.

Бекам купи 10% од акциите на компанијата, но висината на трансакцијата не е позната. Со тоа тој стана еден од најголемите акционери покрај Рубен и Барклеј.

Со оваа инвестиција Lunaz Group ќе вработи дополнителни 500 лица кои ќе бидат распоредени на работни позиции на некои од трите компании кои ги поседува како Lunaz Design, Lunaz Applied Technologies и Lunaz Powertrain.

За потсетување, Дејвид Бекам се прослави играјќи за Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а во својата фудбалска кариера настапуваше уште за Престон Норт Енд, ЛА Галакси, Милан и ПСЖ. Покрај фудбалската кариера, тој е ко-сопственик на фудбалските клубови Интер Мајами и Салфорд Сити, а беше сопственик и на Дејвид Бекам Академијата за фудбал.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK