Дали знаете: Каде се наоѓа резервната гума на Alfa Romeo SZ?

ОБЈАВЕНО НА:

Пред точно 30 години на саемот во Женева, Alfa Romeо претстави еден од најекстравагантните модели во историјата.

Моделот SZ е купе на база на седанот 75, а е развиено во соработка со каросериското ателје Zagato, кое подоцна занимава со сериско производство.

Проектот на почеток се нарекува ES-30 (експериментален спортски автомобил со 3.0 литарски мотор) и изобилува со дизајнерски новитети. Невообичаената предна оптика со три фара од секоја страна, на пример, станува заштитен знак за брендот Alfa Romео на почетокот на новиот век.

SZ има фантастичен 3.0-литарски V6 мотор со моќност од 210 коњски сили, а суспензијата е регулирана со амортизери Koni и е конфигурирано лично од Џорџо Пијанта, шефот на рели одборот на Lancia. Панелите на каросеријаа се изработени од композитни материјали.

Меѓу 1989 и 1991 година се произведени 1036 купе возила SZ, сите со лев волан. Моделот е доста редок и со сигурност допрва ќе поскапува. Копијата на фотографиите на пример се нуди од британската автокуќа Fast Classics за 51 995 фунти (60 592 евра).

Сепак, објавата е интересна и поради нешто друго. Таа открива каде се наоѓа резервната гума на култното италијанско купе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK