Бугарите тоа вака го решаваат: До 2.500 евра казна за горење на стари гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Загадувањето на воздухот е најголемиот проблем во текот на зимата. Во некои градови проблем е што населението се грее на ќумур, делови од лакирани врати и прозори, пластика па и стари гуми. Особено се користат старите гуми кои развиваат голема температура.

Сега е период на менување на гумите пред стапување на сила на законот за задолжителна употреба на зимски гуми и зимска опрема. Оние што го менуваат гумите најчесто истите ги оставаат кај продавачите кои потоа за истите се грижат да бидат правилно складирани и да не се употребуваат.

Во соседна Бугарија казните за незаконско фрлање на користените гуми и нивно неовластено горење се движи и до 5.000 евра.
Казните за нерегулирано отстранување и фрлање на цели и исечени стари гуми, како и нивно напуштање, се до 10 илјади лева (околу 5.000 евра). Општините може да бидат казнети со парична казна помеѓу 3.000 и 10.000 лева за недозволено отстранување, а поединци – помеѓу 300 и 1.000 лева.

Помеѓу 2000 и 5000 лева (од 1.000 до 2.500 евра) е паричната казна за нерегулирано горење или друга форма на нерегулирано третирање на стари гуми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK