Bosch ESP: 25 години безбедност на патиштата и спасени 15.000 животи (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред 25 години, Bosch и Daimler-Benz започнаа една нова ера во автомобилската безбедност со лансирањето на моделот S-Class на пазарот, што беше уникатно за индустријата. Се работеше за систем за зголемување на активната безбесност – ESP (електронска стабилизирачка програма).

Со постепено воведување на стандардната и дополнителна опрема на ESP и од другите производитеи на автомобили од Bosch проценуваат дека само во Европа, ESP има спасено околу 15.000 животи и спречило над пола милион патни несреќи во последните 25 години. Од компанијата исто така велат дека заедно со безбедносниот ремен и воздушното перниче, електронската стабилизирачка програма е меѓу основните и најважни фактори за спасување на човечкиот живот на патот.

Од Bosch велат дека ESP е во сосотјба да неутрализира 80% од потенцијално опасните ситуации на патот, а во комбинација запирањето на антиблокирачкиот систем исистемот за контрола контактот на гумите со патот, нивото на безбедност се зголемува уште повеќе.

Низ годините, Bosch ја оптимизираше работата на електронскиот стабилизирачки систем ЕЅР и во моментов технологијата е дел од опремувањето на повеќе од 250.000.000 автомобили низ целиот свет. Во светски рамки, 82% од сите нови автомобили се опремени со системот, додека во 2017 година оваа бројка беше 64%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK