Бивши инженери на Zastava работат на производство на електричeн автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Експертски тим на Zastava oд Крагуевац подготвува проектна документација за производство на електрични возила на платформата на некој од постојните моделе. Тимот е составен од поранешни инженери на Zastava и професори на Инженерскиот факултет во Крагујевац, Машински факултет и технологија во Белград, на иницијатива на странски инвеститор кој е подготвен да го финансира развојот на проект и прототип на електрично возило што ќе се произведува во Србија.

Во Крагуевац постои фабрика која е во сопственост на Fiat, но поради слабата побарувачка на моделот 500 истата не работи со полн капацитет, има проблеми со барањата на работниците. Имаше и принуден прекин на производството а дел од работниците беа испратени на одмор.

Членот на стручниот тим Зоран Радојевиќ потврдил дека тимот е формиран и дека започнала организациската подготовка за подготовка на проектната документација, додавајќи дека „сè друго е во фаза на консултации“.

Тој потсети дека во 2010 година, тимот направил прототип на новиот модел на електрична енергија на платформата на автомобилот Zastava 10.

Toj aвтомобил со електричен мотор од 20 киловати, достигнаl брзина од 120 километри на час, а со едно полнење na батериите можеl да мине 100 километри. Патентот бил поднесен во канцеларијата за патенти и возилото е регистрирано и користено во јавниот превоз.

Друг член на истиот тим, Петар Јовановиќ, одговорен за следење на развојот на електричните возила во Европа, вели дека електричните автомобили станале темата број еден на сите научни конференции од областа и дека годинашните изложби на автомобили во Женева и Франкфурт се тематски посветени на нив.

Јовановиќ вели дека технологијата остварила неверојатен напредок во изминатите девет години, особено во областите на производство на батерии и погони. Сега е далеку полесно да се реализира таков проект, додаде тој, истакнувајќи дека многу земји се вклучени во бизнисот, кој, како Австрија, нема традиција во автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK