Безбедно возење во време на коронавирус: Во автомобил само со семејство – сами на мотоцикл

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуацијата која е актуелна во моментов со пандемијата на коронавирус на луѓето им се советува физички да се дистанцираат едни од други. Поради тоа, возењето на повеќе лица одеднаш во едно возило претставува сериозен проблем.

Од Италија, која во Европа е најтешко погодена од коронавирусот стигаат препораки од тамошното Министерство за внатрешни работи во кои се објаснува како би требало да се однесувате во текот на возењето за време на пандемијата.

За да се спречи ширењето на вирусот потребно е две личности да бидат одалечени минимум еден метар една од друга. Доколку во автомобилот се возат повеќе лица, најголемиот проблем се однесува на безбедната одалеченост меѓу нив.

Автомобили

При возењето на автомобил нема ограничување доколку се заедно членови на семејство кои живеат во иста куќа. Меѓутоа, доколку се возите со други лица задолжително треба да го почитувате растојанието од еден метар меѓу патниците, наведува Министерството за внатрешни работи на Италија.

Тоа практично значи дека доколку не возите голем теренец, долг караван или широко комби, освн возачот во кабината на „обичниот“ автомобил безбедно може да се вози само уште една личност и тоа дијагонално од возачот односно на задното седиште на десна страна. Оваа препорака е особено важна за луѓе кои се возат со такси.

Мотоцикли

Поради апсолутната неможност за одржување на меѓусебна одалеченост на мотоцикл или скутер, сите кои редовно практикуваат возење на нив треба да е возат сами.

Евентуалниот исклучот може да се направи доколку е во прашање сопатник партнер или некој од блиските членови на семејството, кој живее во иста куќа иако и тоа не е многу неопходно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK