Батерии АА место акумулатор: Ќе запали ли автомобилот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога момците од рускиот Youtube канал – Garage 54 не заваруваат шајки на бандажите место гуми и не сипуваат кока кола во ладилникот тогаш се забавуваат со понаучни експерименти. Тогаш се занимаваат на пример со тоа дали батерии можат да го заменат акумулаторот во автомобилот.

Како и обично, приодот кон проблемот на лидерот Влад е малку примитивен, но и покрај тоа е ефективен. Идејата е да се поврзат 1000 батерии АА во дрвен сандак и да се произведе струја од него кон инсталацијата на автомобилот.

Во крајна сметка Влад поставува осум слоја на 12 паралелни редови од по осум батерии (8 x 1.5 V = 12 V), кои имаат контакт со медни листови во двата краја на сандакот. Бројката која била цел од 1000 батерии не е достигната, но и 768 вршат работа. Притоа обемот не е многу поголем од стандарден акумулатор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK