Барате нов автомобил: Погледнете кои возила имаат минимум фабрички дефекти

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на нов автомобил некогаш знае да биде и долг процес, и да бидете бомбардирани со многу информации, од цена, опрема, услови, кредитирање… Но, за многумина особено важно е дали посакуваниот бренд и модел е на листата на оние што често одат во сервис, и имаат потреба од „поредовно“ сервисирање.

Појавата на фабрички дефект е многу непријатна работа. Мора да го вратите автомобилот кај дилерот и да чекате тој да го поправат дефектот, но тоа често трае долго. Па да дојдете во ситуација да барате нов, а тие да ви велат дека ќе се поправи.. И така да ви се расипе меракот.

Како дел од истражувањето во Франција, Cote d’amour des constructeurs 2022 година, од дилерите било побарано да го пријават бројот на „враќања по продажбата поради дефекти во производството“. Табелата секако ќе ви биде интересна ако сега решите да купувате автомобил.

Просечниот резултат е 5,86 од 10, додека во 2021 година е 5,18 од 10. Но, овие бројки кажуваат малку, бидејќи има огромна разлика меѓу лидерот во рангирањето (8,28 поени) и аутсајдерот (1,86 поени).

Победник за 2022 година беше брендот Volvo (8,28 поени). Шведскиот производител на автомобили, во сопственост на кинеската корпорација Geely, го престигна минатогодишниот лидер Suzuki, чија оценка падна од 8,46 на 8,15 поени. Сега Јапонците паднаа едно место и се второпласирани.

Третото место го зазеде Toyota, а четвртото Honda. Јапонските производители на автомобили генерално се помалку подготвени да дозволат фабрички дефекти. Но, Nissan и Mazda се исклучок од правилото – тие се на 12-то и 13-то место соодветно.

Често критикувани поради недостигот на доверливост, брендовите Jaguar и Land Rover (сопственост на индиската Тата) уште еднаш не покажаа добри резултати, а предметната студија им додели само 1,86 поени, рангирајќи ги на последното место во рејтингот.

Уште една интересна работа што може да се види од ова рангирање е дека Renault со 6,44 поени им апослаби резултати од Dacia. Слично е и со Seat и Skoda, кои имаат подобри резултати од VW и Audi.

Додека Seat и Skoda постигнаа над просекот, самиот VW беше награден со 5,02. Audi добива 5 поени, што е полошо од BMW и Mercedes-Benz.

На днотo сe и Citroen и DS Кои се подобри единствено од Jaguar Land Rover. Во долниот дел од табелата се и Opel, Fiat, Hyundai и Peugeot.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK