Бараат 2 милиони евра за старо комби од Fоrd (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Возило Fоrd LTD oд 1984 година ce прoдaвa зa 1.999.999 евра во градот Фурт во Баварија. Колосалната цена се должи на фактот што комбито е насликано од страна на уметникот од Танзација, Џорџ Лиланга.

Продавачот на автомобилот, кој е сопственик на хотел во кој во 1996 година отседнал Лиланга раскажува дека му предложил на уметникот бесплатен претстој доколку му го украси белиот Ford. Тоа го прави возилото уникат насликан од уметникот.

Подвижното уметничко дело има 3.8-литарски V6 со моќност од 120 коњски сили, во комбинација со автоматска трансмисија. Километражата е 143.000 километри и според објавата во mоbilе.dе автомобилот не е удиран и нема други оштетувања.

Џорџ Лилагнга (1934-2005) е сметан за најсветлиот претставник на модерната африканска уметност. Неговите слики се чуваат во приватни колекции и музејски изложби во Диселдорф, Париз, Лондон, Токио и Хамбург.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK