Балканска снаодливост: Германците купуваат субвенционирани електрични возила и ги препродаваат

ОБЈАВЕНО НА:

Според новите прописи ако купите електричен автомобил и не го поседувате најмалку една година ќе треба да ги вратите добиените субвенции.

Повеќе од 100.000 електрични автомобили субвенционирани од германската влада – вклучително и илјадници електрични возила на Tesla – биле препродадени во странство. Купувачите ја искористиле тамошната стимулативна шема од повеќе милијарди евра, дизајнирана да ги направи автомобилите на батерии попристапни за обичните возачи во Германија.

Од 890.000 електрични автомобили регистрирани во Германија во изминатите 10 години, од кои повеќето се купени со државни бонуси, само 756.517 останале во земјата, покажува официјалното истражување. Иако мал дел од автомобилите се надвор од сообраќајот повеќето од нив се продадени на возачи во соседните земји за повисока сума.

Германија ја воведе шемата за субвенции во 2016 година и оттогаш потрошила најмалку 4,6 милијарди евра за грантови за купувачите на електрични возила. Купувачите имаат право на субвенција до 6.000 евра по автомобил, во зависност од неговата цена.

Од 98.000 електрични автомобили Tesla регистрирани во Германија до јули оваа година, само 76.690 останале на патиштата во земјата, што значи дека секој петти Tesla го напуштил германскиот пазар.

„Фактот што немаше ниту една година период на задржување [пред да може да се продаде автомобилот] е повеќе од техничка грешка и ја отвора вратата за измама“, вели пратеникот Бернд Риксингер. Сега, коалициската влада на Германија планира да ја намали шемата за субвенции во 2023 година, отстранувајќи ги стимулациите.

Како одговор на истрагата за злоупотреби на шемата, владата рече дека исто така ќе го удвои времето за поседување автомобили пред да бидат продадени. „Секој што сака да го продаде својот субвенциониран електричен автомобил по помалку од една година ќе мора да ја врати субвенцијата“, се вели во соопштението на германското Министерство за економија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK