Баба мераклија – Си сврте „круг“ на Монца со нејзиното Porsche 911 GT3 RS (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Да имаш спортско возило и да го возиш на патека е поврзано со адреналинот, со желбата и веројатно годините. Но, ако си „возрасен“ не значи дека несакаш да возиш спортски автомобил. Во такво возеше уживаше и една повозрасна дама која покажа дека за добро адреналинско возење треба само желба.

Додека еден познат јутјубер бил на отворен тркачки дел на Монца со намера да сними некои свои интересни емисии, случајно сретнал постара жена која облечена со комбинезон седнува во спортски автомобил и со „гас до дасна“ си заврте круг на патеката. Нема потврда која е жената и која е причината за возењето.

Моделот Porsche 911 GT3 RS e еден од најбрзите сериски автомобили што е претставен досега. Од видеото се гледа дека жената е искусна во возење на вакви автомобили. А возилото има 4 литарски атмосферски мотор со 512 КС што овозможува забрзување до 100 км/ч. за само 3,2 секунди, и има максимална брзина од 312 км/ч.

Погледнете како оваа повозрасна жена уживаше во возењето.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK