Автомобил стар 130 години поминал технички преглед (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот ќе може да се вози по германските патишта во следните две години

Најстариот автомобил во Германија, Benz Victoria од 1884 година, успешно ја мина инспекцијата на TUV Nord во Ајнбек, Долна Саксонија и добил продолжување на сообраќајната дозвола за уште две години. Тоа е веројатно најстариот автомобил на патиштата во Германија.

Но доволата се однесува само за користење во текот на денот. Автомобилот му припаѓа на музејот во Ајнбек. И пред две години возилото било испратено на технички преглед и тогаш ги задоволило сите стандарди.

За автомобилот со ознака 99 важат низа посебни прописи. Бидејќи наместо фарови или само лампи може да се вози само дење. Покрај трешкачи, возачот има голема лопатка со која го покажува правечот на вртење.

При прегледот кај автомобилот не се констатирани никакви проблеми или технички забелешки, единствено што направиле инженерите е полнење гориво и отстранување на дебелиот слој прашина. Автомобилот има 3,0-литарски мотор со моќност од 6 коњски сили. Максималната брзина на автомобилот е 30 km/h.

Единственото барање што го имаат од пунктот за технички преглед е носење „рачен светлосен индикатор“ со кој возачот може да покаже дали врти кога вози по јавни патишта. Овој „рачен трепкач“ е мала триаголна стрелка која изгледа како градежна мистрија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK