Audi го задржува турбо моторот со пет цилиндри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Audi доминираше на доделувањето на меѓународните награди за мотор на годината во класата на мотори од 2.0 до 2.5-литри во последните девет години пред да биде победена во 2019 година од четирицилиндричниот 2.5-литарски мотор на Porsche, напојуван од Boxster S и Cayman S. Доколку сте фан на петте цилиндри на Audi, тогаш сигурно ќе се радувате да слушнете дека и покрај тенденцијата кон помал обем, иконскиот мотор нема да биде отфрлен.

Загриженоста одеше кон тоа дека построгите регулативи за емисија на штетни гасови, како претстојните Евро 7, ќе го принудат автоконцернот од Инголштат да го „убие“ 2.5-литарскиот петцилиндричен агрегат за да го замени со помал 2.0-литарски четирицилиндричен, но тоа нема да се случи во блиска иднина. Откритието го направи извршниот директор на Audi Sport, Оливер Хофман во интервјуто за австралиското списание WhichCar.

Тој дополни со сигурност дека моторот ќе биде целосно во согласност со построгите регулативи, благодарение на добриот концепт што неговиот оддел го развива, за да ги достигне тие стандарди. Тие тврдења беа потврдени и од страна на менаџерот за производство на Audi Sport, Анет Махлохоф, кој спомена дека 2.5-литарскиот мотор претставува најголема предност на автомобилите како што се RS3 и TT RS.

Од Инголштат соопштуватаат дека работеле на тоа моторот да одговара на построгите регулативи за емисија на штетни гасови во период од една година. Целта била да се уверат дека ќе можат да го инсталураат во автомобилите од следната генерција. Со агрегатот ќе бидат опремени не само вообичаените RS3 Sportback и RS3 Sedan, туку исто така и RS Q3 и новиот RS Q3 Sportback.

Еден од начините за да се постигнат построгите норми за намалување на емисиите на штетни гасови е електрифицирањето на 2,5-литарскиот петцилиндричен мотор со воведување на мек хибриден систем, додека технологијата за деактивирање на цилиндрите е исто така претставена како опција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK