Alfa Romeo ќе слави 111 години заедно со фановите

ОБЈАВЕНО НА:

На 24 јуни, Alfa Romeo прославува 111 години од создавањето. На истиот ден во 1910 година во Милано е основана Anonima Lombarda Fabbrica Automobili (A.L.F.A.), која во 1918 година е преименувана во Alfa Romeo, откако компанијата била купена од шпанкиот инженер и претприемач Никола Ромео.

Alfa Romeo е бренд, кој има одиграно важна улога во историјата на автомобилизмот. Таа околу себе има собрано огромен број на ентузијасти, кои стануваат составен дел од нејзиниот развој. Заради фановите, Alfa Romeo ќе им даде можност тие да се запознаат едни со други и да ја изразат страста кон брендот на Biscione, на четиридневен настан во неговиот музеј во Арецо, кој е домаќин на историјата и на најзнајачните модели на брендот.

Настанот е закажан да почне в четврток на 24 јуни од 10 часот со традиционалната парада, отворена за учество на сите сопственици на Аlfa Romeo, кои можат да излезат со автомобилите на пистата во музејот. Темата на парадата и на коплетниот четиридневен настан ќе бидат подредени на Alfa Red, долгогодишен белег и составен дел од ДНК на Alfa Romeo. Секој посетител исто така може да носи облека во иста боја или да земе бесплатна заштитна маска во боја на Alfa Red на влезот на настанот.

Специјален ден за првите сопственици на Giulia GTA/GTAm

Овој ден ќе биде запомнет со неописливи емоции и од сопствениците кои ги купиле првите екслузивни Giulia GTA и GTAm: тие ќе ги добијат своите автомобили, кои се дел од 500-те произведени примероци, за време на настаните при прослава на роденденот на брендот.

Легенда со длабоко вкоретени корени

Гостите на собирот ќе можат да се запознаат и со истражување на нови материјали, а ќе видат искуство во областа на аеронаутиката, но исто така и специјални верзии од предвоената 83 2300 Монца до легендарните автомобили „alleggerita“ од 50-те и 60-те години – Giulietta Sprint Veloce и Giulia Sprint GTA. Историјата продолжува со 75 Turbo Evolution, до ден днешен со новите Giulia GTA и GTAm.

Alfa Romeo исто така е Формула 1

За фановите на болидот од Формула 1, Музејот ќе биде домаќин од подоготовката за ГН на Австрија. Во првите четири дена ќе биде изложен едноседот на шоу автомобилот, Alfa Romeo Racing Orlen, плус екслузивниот настан в петок на 25-ти јуни каде што гостите можат да ги искусат емоциите од средбата во живо со пилотите на тимот, кими раиконен и Антонио Џовинаци, со кои ќе направат и виртуелна обиколка.

Влез во историјата

За сабота и недела на 26 и 27 јуни се предвидени две продлабочени лекции за историјата на брендот, од кои првата ќе се занимава со годишнината од првата победа на ALFA (Модена, 1911, трка за регуларност). Вториот ќе навлезе подлабочено во карактеристиките на Concept 4C, прототип супер автомобилот, проектиран од Centro Stile Alfa Romeo во 2011 година. На крајот на лекциите, сопствениците на 4С ќе бидат поканети да дефилираат со автомобилите на затворената патека.

Останувајќи со историјата, изложбата „Морски коњи“ ќе биде отворена и за посетители, со истражување на едно фасцинантно и помалку познато поглавје во историјата на Alfa Romeo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK