Ако не плаќате рата – возилата на Ford сами се враќаат кај продавачот

ОБЈАВЕНО НА:

Автономните возила на Ford би можеле да „избегаат“ во случај на неплатена рата! Ford доаѓа со идеи да им го отежне животот на лошите клиенти, од оневозможување на функциите до враќање на автомобилот преку функциите за самоуправување.

Самоуправувачките автомобили би можеле да бидат дел од не толку далечната иднина, а Ford презеде чекори за патентирање на технологија која ќе му овозможи на автомобилот сам да се врати во фирмата од каде е купен доколку сопственикот пропушти плаќање на некоја рата.

Патентот, кој беше објавен во САД минатата недела, ја најавува технологијата на Фордови системи и методи за враќање возила, која ќе бара од сопственикот на возилото да изврши плаќања навреме или да биде блокиран да пристапи до автомобилот, а во подоцнежна фаза самиот ќе се врати во салонот.

Ford објаснува дека сопственикот на возилото ќе добие порака поврзана со известување за задоцнето плаќање поврзано со возилото, а потоа ќе му биде даден временски период да одговори на тоа. Ако ова не се реши, компјутерот би ја оневозможил функционалноста на компонентите на возилото или би можел да го заклучи возилото.

Заклучувањето може да се укине во итни случаи како на пример одење во болница или полициска станица. Патентот дополнително ги опишува потенцијалните проблеми со кои може да се соочат сопствениците на возила доколку не одговорат на пропуштените пораки за плаќање.

Во него се споменуваат неколку чекори на блокирање на автомобилот (мотор, волан, испуштање одредени звуци кога возачот влегува во автомобилот…), а последниот би бил возењето на автомобилот до најблискиот салон на Ford.

Ford го поднесе својот патент во август 2021 година и сè уште чека одобрување. Производителите на автомобили знаат дека аплицираат за разни патенти, но тоа не значи дека ќе ги комерцијализираат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK