Aдреналин, лудост или предизвик: Се залепи со трака за автомобил и се возеше со 140 на час (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Вљубеник во големата доза на адреналин и на огромните предизвици од градот Ростов на Дон во Русија направи несекојдневен потег.

Тој ги натера своите пријатели да му помогнат да изведе експеримент, а при истиот тие мораа да го залепат со трака за вратата на автомобилот Fоrd Mustаng.

Откако го направија тоа се возеше така со брзина од дури 140 км/ч.

Станува збор за Русинот, Евгениј Чеботарев кој е познат каскадер, кој има илјадници прегледи на своите видеа на социјалните мрежи.

„Моите пријатели се чудат што ли уште ќе ми текне да направам“, коментира Чеботарев под своето екстремно видео објавено на инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Отправляй однокласснику 😈

A post shared by Каскадер-экстремал (@chebotarev_evgeny) on

Ако се погледнат и другите снимки дефинитивно ќе се види дека од младиот каскадер моѓе да се очекува сè и сешто во иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK