Со над 60 бои и екстензивни можности за персонализација, Diablo ја постави основата за денешната Ad Personam програма на Lamborghini. Денес неговата вредност постојано расте, а барањата за реставрација и сертификација бележат рекордни бројки.
Секој вистински љубител на автомобили од 90-тите имал постер од Lamborghini Diablo на ѕидот. Додека Porsche беше синоним за инженерска прецизност, а Ferrari за соништа и престиж, вистинскиот шоу-мен доаѓаше од Сант’Агата Болонезе – и тоа беше Diablo.
Со својата драматична појава и импресивни перформанси, Diablo беше повеќе од суперспортски автомобил – тој стана културен феномен кој ја дефинираше една цела генерација.
Развојот на Diablo започнува во 1985 година под името Project 132, со цел да се создаде најбрзиот автомобил во светот. Дизајнерот Марчело Гандини креирал неколку верзии на дизајнот сè додека Chrysler (новиот сопственик на Lamborghini) не ја одобрил финалната форма.
Scissor врати, мускулести линии, аеродинамична задница и спортски, но комфорен ентериер – конечниот дизајн го постави стандардот за сите идни Lambo модели.
Diablo беше официјално претставен во 1990 година во Монако на отворањето на Monte Carlo Rally. До крајот на производството во 2001 година, беа изработени 2.903 примероци – што го прави најуспешниот Lamborghini V12 до тој момент.
Шасија: цевкаста рамка со подолг меѓуоскиен растојание, комбинација од челик, алуминиум и јаглеродни влакна – првпат употребени во Lamborghini сериски автомобил.
Аеродинамика: коефициент на отпор од 0,31 – многу пониско од Countach.
Мотор: 5.7-литарски V12 со 492 КС и 580 Nm, забрзување 0-100 км/ч за 4,5 сек и тестирана максимална брзина до 337 км/ч.

Еволуција низ годините
Diablo имаше повеќе легендарни верзии:
* VT (1993): Првиот Lamborghini со погон на сите тркала.
* SE30 & Jota (1993): Јубилејни изданија за 30 години Lambo, со до 596 КС.
* VT Roadster (1995): Првиот сериски V12 кабриолет од брендот.
* GT (1999): 575 КС и рекордни 338 км/ч.
* VT 6.0 / SE (2000-2001): редизајн со 6.0 V12 – последна и најсовршена еволуција.
Diablo во трките и поп-културата
Со моделот SV-R, Lamborghini за првпат влезе во светот на моторспортот (1996), а следеа и GT1 Stradale и GT-R верзии.
Diablo стана ѕвезда на екранот и во музиката – појави се во филмови како Dumb and Dumber, James Bond – Die Another Day, серии како Smallville и Nip/Tuck, а неговата улога во Need for Speed го направи омилено дигитално возило за милиони гејмери. Специјалната виолетова Diablo на Jamiroquai во видеото Cosmic Girl стана поп симбол.
Со над 60 бои и екстензивни можности за персонализација, Diablo ја постави основата за денешната Ad Personam програма на Lamborghini. Денес неговата вредност постојано расте, а барањата за реставрација и сертификација бележат рекордни бројки.
Во 2023, Diablo SE30 се искачи на подиум на Pebble Beach Concours d’Elegance – доказ дека легендата е жива. Овој автомобил не е само суперспортска машина – тој е икона на дизајн, култура и автомобилска историја. Со Diablo, Lamborghini влезе во модерната ера и го постави темелот за Aventador и Revuelto кои денес ја продолжуваат легендата.









