Еден од извршните директори на Stellantis рече дека ризикот од враќање на проблемите со снабдувањето со чипови драстично ќе се зголеми во наредните години, како што се развива и автомобилскиот софтвер.
Stellantis очекува оживување на недостигот на микрочипови поради зголемената побарувачка за електрични возила во време на зголемен геополитички ризик, што го прави моменталното затишје на понудата samo краткотрајно.
„Ризикот од враќање на кризата со снабдување со полупроводници драстично ќе се зголеми во текот на следните години поради забрзаниот развој на автомобилскиот софтвер“, рече Јоаким Каман, кој го надгледува снабдувањето со микрочипови за целиот Stellantis.
Тој додаде дека во последните две години огромната разновидност на микрочипови доведе до голем број проблеми, бидејќи кога се решава еден проблем, се појавува друг. „Со преминувањето на Stellantis кон електрични возила за кои се потребни посложени чипови, секој недостиг „може да влијае не само на една или две од нашите фабрики, туку можеби на пет, шест или седум, вели Каман.
Иако сега се смета дека недостигот е зад нас, капацитетот за производство на чипови останува ограничен во услови на зголемен геополитички ризик откако Кина одлучи да го ограничи извозот на два метали кои се користат во индустријата за полупроводници и електрични возила.
Според Каман, ограничувањата на Кина за извоз на галиум и германиум можеби се дури и нешто што може да се надмине, но растечките тензии со Кина дефинитивно се фактор што може да доведе до нова криза. Поради нестабилноста во регионот, Stellantis сака се помалку да се потпира на чипови од Кина и Тајван.
За да се намали ризикот од недостиг, Stellantis исто така потпиша договори за снабдување со Infineon Technologies, NXP Semiconductors и Qualcomm, а создадена е база на податоци за микрочипови со планови за нарачки кои се протегаат со години во иднината.
Stellantis очекува да потроши околу 10 милијарди евра до 2030 година за да обезбеди различни видови на полупроводници.