Kona – нов кросовер адут на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai сериозно влегува во сегментот на субкомпактни кросовери, и се надеваат дека Kona ќе им донесе добри продажни резултати. Моделот влегува во сегмент каде сите сакаат да бидат како Nissan Juke, само што Kona сега нуди многу напредна технологија. Во истата група на кросовери се и новиот Toyota C-HR, Honda HR-V, Renault Captur, Peugeot 2008 и Jeep Renegade.

Новиот модел на Hyundai влегува во продажба во Кореја овој месец, потоа во Европа до крајот на годината, и на крај во Северна Америка во почетокот 2018. Иако неколкупати беше „фаќан“ од папарацо фотографите за време на снимање на новиот спот, сепак првата средба на новинарите и Kona беше во Сеул. Јавноста треба да го види на саемот во Франкфурт во септември.

Моделот е направен на целосно новаплатформа, што ќе ја користи и сестринскиот модел Kia Stonic. Кона e долг 4165 мм. широк – 1800 мм. висок 1550 мм. и има меѓуоскино растојание од 2600 мм. Тоа треба да биде најпространиот автомобил во класата и да нуди најмногу простор за главата од било кој друг ривал.

Лук Донкерволке кој го потпишува дизајнот, стои на ставот дека Kona е производ со свој, цврст карактер и дека не наликува на ниту еден модел на Hyundai. Сите идни модели на марката ќе носат свој печат и дека заедничките визуелни елементи се веќе минато.

Првично во Kona ќе се вградуваат турбо бензинци со директно вбризгување од 1.0 (120 КС) и 1.6 (177 КС) литри како и MPI атмосферски мотор од 2.0 литри кој ослободува 149 КС. Турбо моторите првенствено се намененети за европскиот, дoдека најголемиот бензинец за американските купувачи. На некои пазари ќе биде понуден и 1.6 литарски турбо дизелски мотор.

Во опремата што ќе се нуди ќе има хед-ап дисплеј, тал скрин екран (со големина до 8 инча), систем за предупредување на возачот за возило во мртов агол, Collision-Avoidance Assist (FCA), Lane Keeping Assist (LKA); High Beam Assist (HBA); Driver Attention Warning (DAW), Apple CarPlay, Android Auto.

Hyundai ќе понуди и опција со погон на сите тркала. Се споменува и дека в година ќе се понуди и електричне погон со автономиија до 390 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK