Кога се купува автомобил секогаш е добро да се има на ум дека бојата мора да одговара на класата на автомобили односно во некој просек доколку сакате добро да го продадете половното возило.
Можеби во налет на нежноста сте одлучиле да купите виолетов автомобил или сакате да го вкомпонирате со тренерка од иста боја, но доколку сакате што подобро да го продадете бегајте од тие бои.
На автомобил во виолетова боја ќе загубите околу 27,2 проценти од просечната цена на возилото. Сребрената боја значи загуба од 25%, златната 23,1%, црвента 11,5%, сина 9,8% и зелана 1,3 проценти.
Можеби црвената е одличен избор за Ферари, но доколку купувате службено возило како Volkswagen Passat или BMW Series 5, тогаш таа боја не одговара односно ќе ви донесе главоболки при продажба.
Нема да погрешите доколку купите портокалово возило (сите, секако зависат од класата) бидејќи таа донесува 5,4 проценти поголема цена од просекот при продажба на автомобилот. Уште подобар избор се: белата со 5,9%, црна со 9,5%, сива со 9,7% и жолта со 13,3%. Според некои анализи автомобилите со живописни бои многу помалку се преледуваат на интернет огласите отколку оние со неутрални бои, како сивата или црната.
Избегнувајте и трендовски бои, кои се во мода некое време бидејќи брзо ќе станат трн во око…