Колкави се профитите на автомобилските брендови

ОБЈАВЕНО НА:

За автомобилската индустрија секогаш с етврди дека прави огромни профити, особено последните години кога драстично ги зголемија цените на моделите. Некои тоа го правдаа со зголемување на цената на енергенсите, но најмногу се должи на зголемените трошоци за истражување и вложувањата во електрификацијата. И покрај тоа што цените се стабилизираа на енергенсите, никој не ги намали продажните цени на возилата. Па така компаниите продолжија да прават огромни профити.

За BMW се тврди дека најдобриот автомобилски бренд во светот во однос на профитабилноста. Баварскиот производител се пласира доста високо и во генералниот пласман. BMW е на 30-то место меѓу најпрофитабилните компании во светот.

Минатата фискална година, BMW (вклучувајќи го и Mini) заработи 18,9 милијарди долари по оданочување, што се верува дека е најголемиот профит меѓу производителите на автомобили. Следна марка, со резултат од 18,1 милијарди долари, е Toyota и Lexus.

Понатаму во ТОП-10 следат:
* Stellantis (17,7 милијарди долари),
* Mercedes-Benz (15,3 милијарди долари),
* Volkswagen Group (15,2 милијарди долари),
* Tesla (12,6 милијарди долари),
* General Motors (9,9 милијарди долари),
* Hyundai (5,7 милијарди долари,
* Honda (4,8 милијарди долари)
* Kia (4,2 милијарди долари).

Овие автомобилски производители се надеваат дека наскоро ќе влезат меѓу 10-те најдобри:
*Volvo (3,3 милијарди долари),
*BYD (2,5 милијарди долари),
*Shanghai Automotive (2,4 милијарди долари)
*Nissan и Suzuki со по 1,6 милијарди долари,
*Dongfeng – 1,2 милијарди долари,
*Tata Motors – 0,3 милијарди долари
*Beijing Automotive Group – 0,3 милијарди долари.

Најголем раст на годишниот профит покажа кинескиот BYD – 423% во минатата финансиска година. Истата година, Tesla ја подобри профитабилноста за 128%, Hyundai за 32% и BMW за 29%.

Има и анти-рекордери. Renault минатата година заработи 50 милијарди долари, но ја заврши со загуба од речиси 0,4 милијарди долари.Ситуацијата на Ford е уште полоша. За истите 12 месеци компанијата заработила 158 милијарди долари, но во исто време нејзините загуби изнесуваат 2,0 милијарди долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK