Компанијата Fastned од Холандија, која е специјализирана за изградба на европската мрежа од станици за полнење на електричните автомобили, спроведе тест за споредба на уредите за брзо полнење на три целосно нови премиер електрични кросовери.
Се работи за Audi e-tron (продажбата почнува за брзо време), Mercedes-Benz EQC (готова верзија) и Jaguar I-PACE.
Резулатите од тестот, со почнати со моќност од 175 кВт и 50 кВт беа изненадувачки. Официјално сите уреди не се еднакво брзи. Добиените резултети веројадно ќе бидат важни за оние кои планираат да купат некој од овие електрични автомобили и да ги користат за долги патувања.
Audi e-tron
Опремен е со батерија со капацитет од 95 кВтч, со можност да прими еднонасочна струја со максимален работен напон од 400 волти и максимално дозволена моќност од 150 кВт (до 1.6 степени според Целзиус). Заедно со вградениот конвертот за полнење со моќност од 11 кВт и опцискиот 22 киловатен уред, е-tron може да се нарече вистински лидер според брзиана на полнење.
Ако се погледне графикот за способноста за полнење, може да се види дека во просек e-tron собира енергија за 100 километри за време од 10-30 минути. Со користење на станицата за брзо полнење со излезна моќност од 175 кВт, брзината за полнење на батеријата почнува да се намалува, откако ќе достигне 80% од капацитетот. При користење на опрема од 50кВт, тоа намалување почнуа да се набљудува по полнењето на батеријата до 98%.
Mercedes-Benz EQC
Опремен е со батерија со капацитет од 80 кВтч, а електричниот кросовер Mercedes-Benz EQC може да добие максимална дозволена моќност на ниво од 110 кВт (при температурен режим до 1.4 степени).
Во просек автомобилот акумулира енергија за 100 километри возење и тоа за време од 15 до 30 минути. Како што може да се види на графиконот, падот на брзината при користење на уред за полнење со моќност од 175 кВт е забележан откако батеријата е полна на 40%. Кога се користи 50 киловатен уред, тоа е после 90%. Се разбира, ова ја намалува целокупната брзина за полнење на автомобилот зголемувајќи го неопходното време.
Jaguar I-PACE
Опремен е со батерија со капацитет од 90 кВтч, но можноста да издржи на максимална моќност е пониска од таа на двата конкуренти и е само 85 кВт (до 0,95 степени). Акумулирањето на енергија за минување на 100 километри се случува за време од 15 до 30 минути, но падот на брзината на полнење се случува при наполнетост на батеријата на 50% со полнач со моќност од 175кВт и при 80% со користење на 50-киловатен полнач.
Така излегува дека Jaguar I-PACE се почни најдолго од трите автомобили. Производителот вети дека во првото тромесечие од 2019 година ќе направи софтверно ажурирање, кое ќе ја зголеми можноста за добивање на директна струја до 100 кВт.