Кои земји се најголемите увозници на автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е вносен бизнис, бидејќи покрај фабриките каде се произведуваат возилата локалната економија ангажира и многу други добавувачи. Секој бренд има фабрики во различни земји, па често производителите на возила се исто така и големи увозници.

САД, Германија и Кина се најголемите увозници на автомобили во поглед на вкупната годишна вредност, покажуваат последните статистички податоци.

Така според официјалните податоци, САД има увезено автомобили во вредност од 179,6 милијарди американски долари што претставува 23,9% од вкупниот глобален годишен извоз. Речиси половина од увозот доаѓа од соседна Канада и Јапонија, а значителен увоз има и од Мексико, Германија и Јужна Кореа.

Далеку на втората позиција се наоѓа Германија со вредност на увозот од 58,5 милијарди долари. Според податоците, топ 3 извозници на автомобили во Германија се Шпанија, САД и Чешка. На третата позиција се наоѓа Кина со 49,9 милијарди долари, а оваа азијска земја најмногу увезува од САД, Германија и Јапонија.

Во Топ-10 увозници на нови автомобили се наоѓаат уште и Велика Британија, Белгија, Франција, Италија, Канада, Шпанија и Австралија.

Македонија со вредност на увозот од 171,9 милиони американски долари се наоѓа на 106. позиција, што не сместува на дното во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK