Кинезите решија: Ќе се прави „флота“ од милиони електрични такси возила

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија „Didi Chuxing“, која е водечка во земјата за нарачка на такси возила ќе формира „флота“ од милион електрични автомобили кои би требало да бидат пристигнати до 2020 година.
Од компанијата велат дека возилата на оваа компанија се користат многу почесто од семејните возила и затоа планираат да имаат електрични возила со што ќе ја намалат потребата од гориво.

„Уште не е вистинско време за купување на електрични возила за обичните кинески семејства поради релативно високите цени и малиот број на полначи, но сметам дека ќе биде исплатливо кога ќе се употребуваат во урбаните средини како превоз“, вели Јанг Јун потпретседателот на „Didi Chuxing“.

Оваа компанија дава услуги на превоз во повеќе од 400 градови во Кина, а тоа вклучува такси возила, автобуси, изнајмување на автомобили, рент-а-кар возила… Во текот на еден работен ден се прават и до 28 милиони возења.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK