Кинезите се повеќе напаѓаат кај електричните возила, а сега во Шангај е претставен BYD Seagull кој ќе чини околу 11.000 евра, и веднаш уште првиот ден имаше над 10.000 нарачки.
Малиот електричен автомобил е базиран на платформата e-Platform 3.0 и има електричен мотор напред со 74 КС. Клиентите можат да изберат помеѓу две LFP батерии со капацитет од 30 kWh или 38 kWh. И покрај нивниот мал капацитет, батериите се доволни за досег од 305 или 405 километри според кинескиот стандард CLTC. Клучот е во натриум-јонската батерија која е поевтина за производство.
Автомобилот е долг 3,78 метри, широк 1,71 метри и висок 1,54 метри. Меѓуоскиното растојание е 2,5 метри. Дизајнот е модерен во типичен BYD стил со LED светла напред, како и големо ветробранско стакло со еден бришач. Задниот дел е опремен и со LED светла и мал спојлер над задното стакло.
BYD Seagull
Во внатрешноста има 5-инчен дисплеј пред возачот и 12,8-инчен екран во средишниот дел. Воланот има исечен долен дел, а во централната конзола има место и за безжично полнење на смартфонот.
BYD се пофали дека само во првите часови од нарачките, автомобилот веќе добил над 10.000 нарачки однапред. Судејќи според кинескиот пазар, нема да биде изненадување ако автомобилот стане најпродаваниот електричен автомобил.