NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) ја разгледува можноста за повлекување на Tesla автомобили од американскиот пазар.
Организацијата наведува дека до нив пристигнала петиција со која се бара целосна истрага и евалуација на Tesla автомобилите бидејќи постои сомнеж тие да прекршуваат бројни прописи за безбедност и сигурност.
Подносител на петицијата е адвокатот Едвард Чен, кој во Калифорнија е познат по тоа што застапува повеќе сопственици на Tesla кои се жалат дека поради апдејт на софтверот нарушени се одредени перформанси на нивните возила.
Доколку NHTSA утврди дека одредени автомобили на Tesla не ги исполнуваат прописите тогаш голема е веројатноста да нареди повлекување на спорните автомобили, нешто во што се убедени подносителите на петицијата.