Казнети 366 возачи за брзо возење – најмногу во Тетово

ОБЈАВЕНО НА:

Убавото време денеска ги „излажа“ граѓаните да прошетаат, но некои заборавија дека и во недела треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За шест часа, во периодот од 13 до 19 часот МВР во контрола во неколку градови во Македонија занкционираше 366 возачи кои возеле над дозволеното.

Најмногу снакции за брзо возење имало на територијата на СВР Тетово. Санкционирани се вкупно 170 прекршоци, од кои 122 прекршоци од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 48 во населено место. Од вкупниот број санкционирани 92 прекршоци се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар.

На територијата на СВР Штип, санкционирани се вкупно 105 прекршоци, од кои 53 прекршоци од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 52 во населено место.

Санкционирани се вкупно 91 прекршоци, од кои 32 прекршоци од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 59 во населено место на територијата на СВР Охрид.

Без разлика дали е неработен ден, треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. МВР продолжува со засилените контроли во сообраќајот на територијата на целата земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK