Казна од 1.000 евра за промовирање на брзо возење на социјалните мрежи

ОБЈАВЕНО НА:

Секој што ќе сними брзо возење и акробации опасни по живот и ќе ги објави на социјалните мрежи ќе се соочи со казна до 1.000 евра и привремено губење на возачката дозвола за една година. Предлог што може да придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

На социјалните мрежи многу често може да се видат најразлични видеа во кои „јунаците“ покажуваат колку брзо возат, како избегнуваат ситуации кои се опасни за сообраќајот. Тоа може да биде „инспирација“ за некои други, па истото да посакаат да го испробаат. Затоа во Белгија се размислува како тоа да се отстрани.

Најавениот нов закон во Белгија треба да забрани глорификација на брзото возење на социјалните мрежи, односно брзото возење. Секој што ќе сними брзо возење или опасни по живот акробации и ќе ги објави на социјалните мрежи може да се соочи со казна до 1.000 евра и привремено губење на возачката дозвола за една година.

Законот се уште е во форма на предлог на белгискиот министер за транспорт, Жорж Гилкин. Се претпоставува дека причината е тешка сообраќајка што се случила на 20 март минатата година, кога маж со автомобил влетал во група луѓе за време на карневалот во градот Стрепа Бракењи, а тој на социјалните мрежи објавувал видеа од неговите акробации. мрежи и го величаат брзото возење.

Белгискиот министер за транспорт изјави за белгискиот весник SudPress дека брзото возење, заедно со расеаноста на возачот и возењето во пијана состојба, се трите главни смртоносни фактори на белгиските патишта.

Белгискиот институт за безбедност во сообраќајот ВИАС ќе ги скенира социјалните мрежи и ќе ја испрати снимката до полицијата, која потоа би можела да покрене постапка.

Законот треба да биде претставен годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK