Каков треба да биде притисокот на гумите во зима?

ОБЈАВЕНО НА:

Со почетокот на студената сезона се појавуваат и дополнителни нијанси за време на работата на автомобилот. Кога ги менувате гумите ги пумпате со притиоск што е вообичаен и со кој сте патувале и досега. Тоа е се дел од нештата на кои не се обрнува внимание. Најважно е да се има зимска гума. Но треба да потсетиме дека здравјето и животот на возачот и патниците често зависат од притисокот во гумите.

Вредноста на оптималниот притисок е најлесно да се утврди или од упатството за работа на автомобилиот или од натписот на лепенка, која е запелена или од внатрешната страна на капакот на резервоарот или на внатрешниот дел на вратата. На прв поглед ништо сложено, но карактеристиките на зимското користење на автомобилот се дека заедно со другите фактори постои и студот.

Всушност, од училишниот курс по физика е познато дека кога се ладат, сите супстанции го намалуваат нивниот волумен. Тоа е особено видливо кога станува збор за гасовите. За да се убедите во овој факт можете да земете пластично шише, да го затворите капакот и да го поставите надвор од прозорецот на студено. Речиси веднаш, кога воздухот внатре ќе се олади, шишето ќе почне да се собира и да ја губи својата форма.

Приближно истото се случува и со доаѓањето на зимата и воздухот на гумите. Да претпоставиме дека гумите се напумпани до 2,2 или 2,4 атмосфери, колку се препорачуваат од автомобилскиот производител во топлиот сервис за монтажа на гуми. Откако тркалото ќе биде поставено на автомобилот, студот почнува да го лади со брзина од приближно 0,1 атмосфери на секои 8 степени целзиусови.

На овој начин, номиналните вредности од 2,2 или 2,4 атмосфери за кратковреме се претвораат во реални 1,8 или 2 атмосфери. Вие без да знаете што се случило сте тргнале на пат со недоволно напумпани гуми. Ова доведува до неколку проблеми одеднаш.

Прво, при меки гуми, автомобилот е помалку контролиран и може да почне да „лебди“ од едната на другата страна по права линија. Во свиоците се стреми кон тоа да излезе од траекторијата на свиокот во целосно безопасна ситуација.

На второ место со недоволно напумпани гуми се зголемува потрошувачката на гориво. На крај, нискиот притисок во гумите провоцира и нерамномерно трошење, па почнуваат да се носат по страничните делови.

За да се избегне ова сценарио треба да се создаде навика да се проверува притисокот на гумите откако автомобилот бил на улица барем еден час. Во овој период, воздухот во него ќе ја добие температурата на надворешната атмосфера. Ова е реалниот притисок на гумите.

Можеби единствнеиот исклучок од правилото може да биде направен во ситуација кога треба да возите низ снег. Претходно има смисол да се „исфрлат“ околу 0,5 атмосфери од тркалата. На тој начин ќе се зголеми површината на гумите со меката снежна прекривна, подобрувајќи ја проодноста на автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK