Како во Југославија правеле краш тестови: Немало кукли – возел Хајрудин!

ОБЈАВЕНО НА:

Краш тестовите сега се неизбешни, со кои се покажува дека возилата се безбедни, и секогаш се вршеле во строго контролирани услови. Она што го гледаме на видеата на Euro NCAP сега, сосема се разликува од минатото. Интересно е секогаш да се види како изгледал некој процес во времето на Југославија, бидејќи таа во многу свери имал и сопствени стандарди.

На територијата на Југославија имало фабрики, не само за автомобили туку и за камиони. Некои од нив се уште може да се видат на патишата. Камионите FАP се произведувале во фабриката во Прибој, и тоа од 1952 година. Првиот целосно домашен камион бил произведен во 1961 година.

Кога се тестирале камионите немало кукли. но затоа постоел Хајрудин. Тоа бил храбар возач, Хајрудин Бурџовиќ (25) кој со брзина од 73 км/ч. се залетал и скокнал од 1,5 метар висина.

Според историските податоци, камионот го минал тестот без оштетувања, иако Хајрудин не се споменува во тие податоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK