Како игрите можат да ви помогнат да научите повеќе за автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Дознајте како видео игрите ја помагаат едукацијата во врска со автомобилите. Од возење и трки до поправки, игрите можат да ве научат на многу работи.

Од моментот кога првите автомобили се појавиле на пазарот (при крајот на 19-ти век), тие ги фасцинирале луѓето насекаде околу светот. Ова се навистина импресивни машини кои го смениле нашиот начин на живот.

Доколку сте еден од оние луѓе кои сакаат да научат повеќе за нив, веројатно знаете дека постојат повеќе начини да ја остварите таа цел. Но, тоа што многумина не го знаат е дека видео игрите се еден од тие начини. Во овој текст ќе се осврнеме на тоа како тие можат да ви помогнат да станете авторитет во оваа област.

Препознавање на брендовите и моделите

Дали се работи за Мазда MX-5 или BMW M8? Играњето игри, вклучувајќи и казино игри , можат да ви бидат од голема помош за да ги препознаете брендовите и моделите.

Во многу од овие игри, оставен ви е можност да избирате меѓу различни модели пред да влезете во трка или пак да истражувате некој нов регион. Дополнително, може да ги набљудувате и возилата кои ги користат вашите противници.

Сето ова е претставено на атрактивен начин со помош на најновите достигнувања во областа на графиката. Едноставно кажано, може да очекувате импресивни тродимензионални модели од автомобили кои изгледаат многу реално.

Ваквото прикажување на автомобилите ќе ви се вреже во сеќавањето. Ова секако може да ви помогне да ги научите разликите меѓу различните производители и моделите кои ги произведуваат.

Реалистични симулации

Во многу видео игри може да очекувате реалистични симулации односно репликација на искуството кое може да се очекува од возење кола во вистинскиот свет.

Па така, на пример, ќе дознаете како одреден модел на автомобил реагира при менување брзини. Дали менувањето е малку погрубо или “мазно”. Тука најдобро се чувствува разликата меѓу спортските возила и теренците.

Понатака, дознавате и повеќе за забрзувањето. Игрите со реалистични симулациски функции вклучуваат динамика на забрзување која ги одразува перформансите на возилото во вистинскиот живот. Ова е одличен начин да видите како одреден автомобил реагира кога тргнува од место, но и како забрзува и какво е чувството додека се возите на одредена брзина.

Дополнително, може да очекувате да ги почувствувате ефектите од кочењето. Колку време и е потребно на колата за да одговори на кочењето, какво е чувството на воланот и целокупното однесување на возилото на пат при кочење.

Запознавање со историјата на автомобилите

Постарите автомобили се вистинска реткост на улиците. Нив обично ги гледаме на собири на сопственици и колекционери. Запознавањето на историјата на автомобилите ќе ви помогне да научите многу и за денешните возила, а најинтересен начин да го направите тоа е преку видео игрите.

Игрите често вклучуваат широка лепеза на автомобили од различни периоди. На пример, во некои од нив може да најдете класични возила од раниот 20-ти век. Исто така има и игри со легендарни тркачки возила од 1950-тите и 1960-тите. Тука се секако и помодерните автомобили од осумдесетите и деведестите години од минатиот век.

Преку вклучување на овие возила, игрите ви овозможуваат да научите како се одвивал развојот на автомобилската индустрија во поглед на дизајнот и технологијата која се користела.

Интересно е и тоа што многу од овие игри ќе ви помогнат да го разберете историскиот контекст за автомобилите односно како социјалните, економските, па и политичките услови влијаеле врз нив.

Кога сме кај запознавањето со историјата на автомобилите, ќе споменеме и дека видео игрите често ја опишуваат автомобилската култура, споделуваат технички спецификации и оживуваат историски тркачки настани.

Откривање на авто тјунинг можностите

Доколку не сте знаеле, авто тјунингот се дефинира како модификација на автомобилите во поглед на нивниот изглед и/или перформанси. Во последно време, многу видео игри, особено оние каде тркањето со автомобили е главна тема, нудат вакви модификации и персонализација на возилата.

Некои од нив се од чисто козметичка природа, како на пример ставање на одредени стикери или илустрации на вратите, кровот и/или хаубата. Од друга страна ги имаме и оние измени кои влијаат на перформансите.

Најкористената функција во овие игри е тјунинг на моторот. Тоа има смисла бидејќи со ваквите модификации обично се забрзува стартот на колата, но и брзината. Вака играчите учат кои се основните делови на моторот и како секоја поединечна измена влијае на моќта, потрошувачката и безбедноста.

Понатака, има наслови во кои може да ги менувате и гумите. Ова е одличен начин да дознаете повеќе за видовите на гуми кои доаѓаат со различни карактеристики во поглед на трајноста и перформансите во различни временски прилики. Нешто слично може да научите и од тјунингот на кочниците, менувачот, амортизерите и така натака.

Учење нови техники на возење

Искрено, ваков вид на едукација може да им биде потребен само на оние кои имаат намера да се тркаат професионално. Но, учењето нешто ново може да биде корисно и за останатите, особено ако е нешто интересно како различни техники на возење.

Во игрите, овие техники се презентирани од страна на искусни возачи чија цел е да обезбедат оптимални перформанси на стазите.

Виртуелната околина која ви дозволува да ги тестирате може да се покаже како многу корисна пред да се појавите на вистинска стаза. Се разбира, овие техники вклучуваат различни елементи. Една од нив е учењето на правилно кочење. Така може да научите кога е најдобро да ја забавите колата и како да кочите во кривини.

Кога сме кај кривините, овие техники ве учат и како да го користите воланот и да ја балансирате брзината на возилото за да ги поминете најбрзо.

Префрлање на тежината и дрифтинг се некои останати техники кои ќе ви помогнат да научите повеќе не само за возењето туку и за автомобилите.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK