Според статистичките податоци објавени од страна на Министерството за Внатрешни работи, а кои се однесуваат за минатата година, најбрзо се возело на територијата на СВР Тетово. Така во текот на минатата година на територијата на СВР Тетово односно во Тетово, Гостивар и околните општини во вкупно 192 сообраќајни незгоди како причинител била утврдена неприлагодената брзина.
Со ова, СВР Тетово трета година по ред е на врвот според овие статистики пред СВР Скопје на чија територија се случиле 122 сообраќајни незгоди поради пребрзо возење.
Од друга страна, најмалку сообраќајни незгоди поради непочитувањето на пропишаната брзина се регистрирани на територијата на СВР Велес, само 19.
2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
СВР СКОПЈЕ | 549 | 590 | 341 | 342 | 272 | 276 | 275 | 178 | 145 | 122 |
СВР БИТОЛА | 97 | 95 | 48 | 44 | 61 | 49 | 53 | 83 | 49 | 49 |
СВР ВЕЛЕС | 70 | 82 | 60 | 61 | 37 | 26 | 41 | 47 | 17 | 19 |
СВР КУМАНОВО | 78 | 57 | 16 | 31 | 49 | 38 | 41 | 50 | 39 | 34 |
СВР ОХРИД | 126 | 118 | 106 | 101 | 87 | 89 | 88 | 97 | 85 | 75 |
СВР СТРУМИЦА | 75 | 87 | 81 | 70 | 50 | 71 | 85 | 72 | 73 | 57 |
СВР ТЕТОВО | 145 | 161 | 150 | 209 | 206 | 187 | 189 | 181 | 186 | 192 |
СВР ШТИП | 79 | 70 | 61 | 71 | 68 | 52 | 48 | 51 | 44 | 42 |
И секако внимавајте. Прилагодете ја брзината на движење според условите на патот и сигнализацијата на патот. Казните се високи.