Jaguar Land Rover развиваат технологија за предвидување на времето

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Land Rover (JLR) се претпоставува дека работи на технологија со која ќе може да се детектираат временските услови и автоматски да се подготви возилото за она што претстои на патот.

Неодамна производителот патентираше во светската организација за интелектуална сопственост, патент што е комбинација на локалните временски информации добиени преку ГПС конекцијата, заедно со моментната температура на воздухот, притисокот, влажноста што би требало да придонесе за создавање на слика за временската состојба што треба да биде.

Со имањето на ваквите информации, возилото може автоматски да се подготви во однос на многу параметри.
Иако ниту на возачот нема да му биде тешко мануелно да изврши корекција на некои параметри, сепак од JLR сакаат да му овозможат на возачот да му биде полесно.

Дополнително оваа технологија може да биде корисна на автономните возила каде нема да има присуство на возач, и возилото ќе се потпира на овие податоци за да се обезбеди безбедно и комфорно возење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK