Во овие тешки времиња, World of Warships сака да ја поддржи својата заедница во одржување на нивното здравје и добросостојба и затоа започнува со две иницијативи инспирирани од морнарицата кои може да ги пробате дома.
[WARGAMING] World of Warships има за цел да ја зајакне добросостојбата на заедницата со вежбите на Специјалната единица „SEAL“ на Американската морнарица и со рецепти инспирирани од традицијата и поморската историја
На Фејсбук страницата на World of Warships се објавени детални упатства за вежбите на единицата „SEAL“ на морнарицата на САД, кои може да ги правите во удобноста на вашите домови без никаква посебна опрема.
И, тоа не е сè. Играчите може да пробаат нова храна за утеха т.н. „comfort food“ со три оригинални рецепти инспирирани од традиционалните јадења кои им биле служени на американските и јапонските морнари за време на Втората светска војна: чорба од грав и „Macaroni Republic“ по рецепти на Американската морнарица и кари по рецепт од јапонските воени бродови.
„Тимот на World of Warships Ви посакува сè најдобро во овие тешки времиња. Чувајте се, команданти!“