И Словенија во трка за новата фабрика за Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Volkswagen Групацијата пред неколку месеци објави дека се повлекува од инвестицијата на новата фабрика во Турција, а пред една недела дека новата локација ќе биде позната во февруари, и Словенија влегува во трка за истата.

Танјуг пренесува дека министерот за економија на Словенија, Здравко Пичивалшек бил во Волфсбург каде го посетил седиштето на германскиот производител.

Словенечките медиуми пренесуват дека главната тема на разговорите била новата фабрика на Volkswagen при што словенечкиот министер го предложил пакеот понуда за изградба на новата фабрика.

Претходно, голем интерес за фабриката на Volkswagen пројавија Бугарија, Романија, Србија и Хрватска, а помал интерес имаше и од Грција и Косово.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK