Шпанскиот магазин km77 во последните два месеци ги интензивираше тестовите за стабилност познати како “Северен елен”. Последен во низата автомобили кој се најде на овој тест е S класата на Mercedes.
При брзина од 76 км/ч и вклучен Pre-safe систем, овој автомобил удри во две пречки откако претходно успешно го помина тестот при брзина од 72 км/ч.
Во својот најдобар обид со вклучен Sport+ мод, овој автомобил успешно ги совлада пречките при брзина од 74 км/ч што воопшто не е лошо доколку се земе во предвид габаритноста на овој модел, но и резултатите на останатите конкуренти.
Видеото од тестот може да го погледнете во продолжение.