Hyundai создава уште помоќен N модел

ОБЈАВЕНО НА:

Создавањето на дивизијата N се покажа како вистинско решение за Hyundai, па тимот на компанијата во светскиот рели шампионат и проектот TCR си најдоа вистински дом. Покрај тоа, N лансира повеќе од интересни модели, носејќи ја ознаката – i30 и Velosters, кои се идеален доказ за тоа.

Сега Корејците подготвуваат уште похрабар чекор. Го создаваат N моделот, кој нема да биде базиран на масовното производство на Hyundai и дури може да биде и со мотор лоциран на задната оска.

Лидер на N дивизијата на Hyundai е поранешниот шеф на BMW M, Алберт Бирман, а пред скоро време најави дека ќе има повеќе време да ги развива моделите кои ги сака. Тука се вклучува и развојот на концептот Racing Midship (RM), кој дебитираше во 2014 година и има потенцијал да стигне до сериско производство.

Досега инженерите на Hyundai конструирале три верзии на RM. Во 2014 година се појави RM14-прототип, базиран на Veloster со моќност од 295 коњски сили. Година подоцна дебитираше лесно модернизираниот RM15, кој беше 195 килограми полесен. Во 2016 година на ред дојде RM16 N, кој беше изграден на целосно нова платформа и со моќност од 300 коњски сили

Бирман веќе има ветено уште два N модели после i30 N, но исто така стави до знаење дека ќе мора да се чека уште долго за нив.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK