Hyundai ќе гради фабрика во Хрватска!?

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватскиот весник Јутарњи Лист објави дека најголемиот јужнокорејски производител Hyundai Motors планира да започне со изградба на фабрика во Хрватска.

Повикувајќи на блиски владини извори, весникот пишува дека во моментот претставници на компанијата ги анализираат можностите за реализација на оваа инвестиција, а една од можните локации е градот Вараждин. Со реализацијата на оваа инвестиција Хрватската ќе ја добие првата фабрика каде ќе се произведуваат автомобили од познат светски бренд, несметајќи ја тука фабриката на Rimac.

Со ова Хрватска би се нашла на светската мапа на автомобилската индустрија која за разлика од соседните Унгарија и Словенија е на доста ниско ниво.

Сепак оваа вест не е официјално потврдена од Hyundai, ниту од страна на министерот Дарко Хорват кој во изјави за медиумите потенцираше дека неговата Влада работи на привлекување и развој на автомобилската индустрија.

Инаку пред само неколку дена се појави и информација дека германскиот производител Volkswagen разгледува можни локации на Балканот за изградба на нова фабрика, а во потесниот круг се Романија, Бугарија и Турција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK