И Хрватската по низата други европски земји го избра автомобилот на годината. На свечена церемонија одржаната на саемот во Загреб, стручното жири за автомобил на годината го избра новиот Ford Focus.
Со титулата “Златен волан” Focus се здоби благодарение на 112 поени кои ги доби од стручното жири составено од авто новинари од хрватските авто магазини и специјализираните интернет сајтови.
На втората позиција се најде новиот Peugeot 508 со освоени 70 поени, а со поен помалку на терата позиција се најде новата А класа на Mercedes. Во топ пет финалистите се најдоа уште и Kia Ceed и Nissan Leaf.
На овогодинешниот јубилеен 25ти избор за автомобил беа доделени и други награди во други категории, но на крајот новиот Focus го собра “кајмакот”.