Пред само неколку недели Honda/Acura го претстави NSX Type S на неделата на автомобили во Монтереј, а истиот е веќе распродаден. Со оглед на тоа што ќе бидат произведени само 350 примероци од кои 300 се за пазарот во САД истите веќе имаат свои сопственици.
Направени се низа козметички подобрувања, како и подобрувања во делот на перформанси. Компанијата од Јапонија воедно информира и дека оние коишто сакале да дојдат до возило од овој бренд веќе задоцниле.
Со оглед на тоа што се работи за ограничена серија ова не е никакво изненадување бидејќи реакцијата на купувачите била навистина изненадувачка и брза. Извор од Honda вели дека сите 300 примероци за САД се резервирани со уплатен капар за само 24 часа, а листата на чекање се проширила на повеќе од 100 лица. Цената формално стартува од 169.500 долари додека примероците опремени со пакетот „Lighweight“ почнуваат со цена од 182.500 долари.
NSX Type S е многу повеќе од автомобил од ограничена серија. Поседува агресивен „анфас“ како и нови елементи од јаглеродни влакна како заден дифузер и странични прагови. Силата доаѓа од 3,5-литарскиот V6 twin-turbo хибриден склоп, кој испорачува 608 коњски сили и 667 Nm.
Новите турбополначи се „позајмени“ од NSX Evo, а зголемениот капацитет на батеријата овозможува преминување на долга дистанца во чисто електричен режим на возење. Менувачот е со девет степени и со двојна спојка, која нуди 50 процени побрзи промени на пренос нагоре, како и нов режим на брза промена на надолнини.