Гумите на Continental ќе се адаптираат на условите на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Continental претстави два нови технолошки концепти за гуми кои дополнително ја зголемуваат безбедноста и удобноста на патот. Технологијата на Continental овозможува континуирано следење на состојбата на пневматиците, како и прилагодување на ситуацијата во однесувањето, во зависност од условите на патот што преовладуваат. ContiSense и ContiAdapt го имаа своето деби на саемот на автомобили во Франкфурт годинава.

ContiSense се базира на развојот на електричнa проводнa мешавинa од каучук што дозволува електричните сигнали да се испраќаат од сензорот во гуми до возилото. Гумените сензори континуирано ја следат длабочината и температурата на шарите. Ако измерените вредности се над или под предефинираните граници, системот веднаш го известува возачот. Ако нешто навлезе во шарите, електрично коло во гумата се затвора, што, исто така, веднаш испраќа предупредување за возачот – побрзо од системите кои се користат до моментов, кои предупредуваат возачот само кога притисокот во гумите веќе почна да опаѓа.

Во иднина, ContiSense ќе вклучува и дополнителни сензори кои можат да се користат поединечно. Така, информациите за површината на патот, како што е температурата или присуството на снег, може да се “осознаат” и да се пренесат на возачот. Податоците можат да бидат испратени до електрониката на автомобилот или преку Bluetooth до паметен телефон.

ContiAdapt комбинира микросензори вградени во тркалото за да го прилагоди притисокот во гумите со променлива ширина на раб. На овој начин системот може да ја смени големината на површината за прилепување, што е одлучувачки фактор за безбедноста и удобноста при различни услови на патот. Четири различни комбинации овозможуваат совршена адаптација на влажни, нерамни, лизгави и нормални услови.

На пример, помалата зона на зафат во комбинација со висок притисок во гумите го намалува отпорноста на тркалање и овозможува економично возење на дури и на суви патишта. Од друга страна, комбинацијата на поголема зафатна зона со низок притисок овозможува совршено зафат на лизгави патишта. Системот, исто така им овозможува задавање на многу ниско ниво на притисок под 1 bar што на пример да помогне за излегувањето на возилото паркирано во длабок снег или за надминување на опасен дел покриен со мраз.

Заедно со ContiSense и ContiAdapt, ќе се воведе концепциска гума за да се максимизираат придобивките од двата системи. Дизајнот на гумата вклучува три различни шари за движење на мокри, лизгави или суви површини.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK