Горивата поскапуваат – бензинот ќе се продава за 86 денари за литар

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на горивата од ноќеска повторно се зголемуваат, и сите ќе порасната за 1,5 денар, потврди Марко Бислимовски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и води во разговор за ТВ24.

По поскапувањето цените на горивата ќе се зголемат до 86 денари за Еуросупер БС – 98, што е највисока цена досега.

Новите цени на горивата од ноќеска ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK