Го отпуштиле од фабриката на Mercedes па уништи 50 возила – штета 2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од Шпанија – гневен работник уништил повеќе од 50 нови возила откако добил отказ.

Станува збор за 38 годишен работник во фабриката на Mercedes лоцирана во баскискиот град Виторија.

Сега поранешнито вработен, гневен на одлуката на раководството на фабриката ја уништил влезната врата, а потоа и нешто повеќе од 50 нови примероци од Mercedes V-Class. Локалните медиуми пишуваат дека причинил штета од 2 милиони евра.

Инаку во моментов во оваа фабрика владее штрајк поради тоа што германскиот производител сака да отпушти до 15% од работниците.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK