GM со најголемо повлекување во својата историја – 6 милиони возила мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors ќе започне со најголемото повлекување на возила во својата историја поради потенцијален проблем со воздушните перничиња. Повлекувањето следи откако претходно NHTSA врз основа на спроведената истрага издаде налог до производителот од Детроит.

Спорни се 5,9 милиони возила произведени во периодот од 2007 до 2014 година од повеќе брендови на овој производител меѓу кои и автомобилите Chevrolet Tahoe, GMC Sierra, GMC Yukon, Chevrolet Silverado…

При тоа целата операција чини 1,2 милијарди долари кои ќе паднат на товар на General Motors.

Поради овој проблем на територијата на САД загинаа 18 лица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK