Германците се сериозни со струјата: Покажан Mercedes EQC

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и претходно беше најавено, во главниот град на Шведска, Стокхолм, премиерно е претставен првиот електрифициран модел од новата генерација на Mercedes, EQC.

EQC е направен на специјално развиена платформа за електрични возила која ќе биде користена кај останатите идни модели на германскиот производител. Овој модел го придвижуваат два елетромотори со капацитет од 300 kW кои придонесуваат за развивање на максимални 408 КС.

Со едно полнење на литиумско-јонската батерија која е со капацитет од 80 kWh може да помине до 450 km, а 80% од капацитетот на батеријата може да се наполни за околу 40тина минути. Вкупната тежина на EQC заедно со батеријата изнесува 2.425 кг.

Mercedes EQC

Во однос на димензиите, EQC е долг 4.761 мм, широк 1.884 мм додека висината изнесува 1.624 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.873 мм додека багажниот простор е со капацитет од 500 литри.

Од 0 до 100 км/ч овој прв електричен SUV на Mercedes забрзува за 5.1 секунда, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 18 км/ч.

Mercedes EQC

Внатрешноста иста како и надворешноста, привлечна, модерна, “украсена” со најновиот инфотајмент систем MBUX (Mercedes-Benz User Experience) кој има способност на учење благодарение на вештачката интелигенција. Во внатрешноста доминира дигиталната инстурментална табла централно поставена која овозможува без многу напор возачот да ги задава сите команди и да ги контролира сите показатели поврзани со состојбата на возилото.

Возачот исто така има можност да одбере еден од петте режими на возење карактеристични и за поопремените Mercedes возила и тоа: Comfort, Eco, Max Range, Sport и Individual.

Саемската премиера е закажана за саемот за автомобили во Париз кој од 4. до 14. октомври ќе се одржи во француската престолнина. Производството на овој модел ќе се одвива во фабриката во германскиот град Бремен, а во слободна продажба ќе се појави следната година со почетна цеа од околу 70 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK