Не само автомобили, американскиот производител Ford активно работи и на повеќе други полиња. Така по претходно дизајнираниот тротинет, сега претстави и количка за пазарување.
Покрај интересниот дизајн, овие колички се опремени и со Pre-Collision технологијата која во целост е преземена од Ford автомобилите. Тоа овозможува да се спречат (не)намерните судари во супермаркетите односно благодарение на поставените сензори сега се невозможни незгодите со колички во супермаркетите.
https://youtu.be/IqrDFWmehDU
Од Ford нема информација дали, кога и каде ќе се појават овие колички и колку би изнесувала нивната продажна цена.