Fiat 500 стана дело на модерната уметност

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat 500 за многумина е спомен за првиот автомобил што го поседувале, но од неодамна автомобилот стана и дело на модерната уметност.

По повод 60. роденден од промоцијата на првиот Fiat 500, Њујоршкиот музеј на модерна уметност, МоМА го вклучи Cinquecento во својата авто колекција. Кураторите го одбраа најоригиналниот модел изработен во периодот од 1965 година до 1972, и тоа во беж боја со цврсти тркала и сончев кров.

Меѓу избраните музејски примероци во изминатите години се најдоа и Cisitalia 202 GT од 1946 година, Willys-Overland Jeep од 1952, Volkswagen Beetle од 1959, Jaguar E-Type Roadster од 1963, Ferrari 641/2 grand prix racer од 1990, и Smart од 1998 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK