Ferrari го загуби името Testarosa: Во иднина ќе биде бренд за велосипеди и жилети

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина брендот Testarossa ќе биде користен за велосипеди и жилети за бричење. Производителот на спортски автомобили Ferrari во моментов го изгуби судскиот спор за правата над името што се користи за култниот модел од 80-тите години од минатиот век.

Ferrari сепак може да се жали на повисока судска инстанца. Портпаролката на судот Миријам Рајнарц ја аргументира одлуката со фактот дека Италијанците не го користеле името во последните пет години. “Една марка треба да биде употребена за да се заштити. Во овој поглед, компанијата не направила ништо”.

Ferrari се жалеше, но подоцна судот пресуди во корист на Курт Хесе од Нирнберг, и така старата марка беше избришана од Службата на Европската унија за интелектуална сопственост.

Италијанскиот производител на супер автомобили го правеше моделот Testarossa во периодот 1984-1986. Автомобилот имаше до 446 КС и располагаше со 12 цилиндри. На италијански Testarossa значи “црвена глава” – и возилото го добива тоа име поради црвените “капи” на главите на цилиндрите. Со овој агрегат моделот од Маранело доби огромна популарност по учеството во ТВ-серијата “Мајами Вајс” (Пороците на Мајами), и успева да стигне до максимална брзина од 290 км/ч.

Сега 73-годишниот производител на играчки од Баварија сака да го користи името за велосипеди (вклучувајќи и електрични), како и за жилети за бричење.
Ferrari се обиде да ги заштити правата со аргументот дека сѐ уште се занимава со одржување и поправка на возила Testarossa – но според судот тоа не било вистинско користење на брендот, бидејќи предметните услуги биле понудени под капата на брендот Ferrari.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK